Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати, тврди СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните, вели СДСМ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ со своето срамно и дрско однесување повторно ја блокираше постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисока плата, спречува трансформација на работниот однос на над 4700 наставници.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ цела година спречува соодветно вреднување на трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

— реклама —

Ова покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

СДСМ и коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања