Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ остануваат во Обвинителството за организиран криминал – зад нив се предмети против Зеќири, „Виа Комерц“, корупција во институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
obvinitelka

Советот на јавни обвинители на својата последна седница донесе одлука за реизбор на двете обвинителки Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ во редовите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Двете обвинителки важат за искусни правници кои досега биле носители на повеќе истраги и обвиненија од висок профил, со значителен јавен и политички интерес.

— реклама —

Обвинителката Катерина Коларевиќ е особено позната по водењето на предметот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Во овој случај, тој беше обвинет дека склучил договори со две консалтинг-фирми без спроведена јавна набавка, што довело до штета за буџетот од околу 1,5 милиони евра. Според обвинителството, Зеќири имал намера да обезбеди лична корист за трети лица, додека постапката целосно ги заобиколила процедурите за транспарентност и контрола.

— реклама —

Коларевиќ исто така го води предметот поврзан со станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде се истражуваат сомнежи за систематски издавање на потврди за техничка исправност на возила без реална проверка. Предметот е отворен по неколку сообраќајни несреќи во кои се утврди дека возилата биле пуштени во сообраќај и покрај тоа што не ги исполнувале основните технички услови.

— реклама —

Наташа Поп Трајкова, пак, е дел од обвинителскиот тим што изминативе години водеше предмети за злоупотреба на службена положба, поткуп и организирани шеми на измама во државни институции. Таа го води случајот “Адитив”.

Поп Трајкова е дел од тимот на ОЈО-ГОКК од 2021 година, откако претходно работеше во обвинителствата во Струмица и Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања