РЕИЗБОР

obvinitelka

Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ остануваат во Обвинителството за организиран криминал – зад нив се предмети против Зеќири, „Виа Комерц“, корупција во институции

Советот на јавни обвинители на својата последна седница донесе одлука за реизбор на двете обвинителки Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ во редовите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Двете обвинителки важат за искусни правници кои досега биле носители на повеќе истраги и обвиненија од висок профил, со значителен јавен и политички интерес.Обвинителката Катерина Коларевиќ е особено позната по водењето на предметот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Во овој случај, тој беше обвинет дека склучил договори со две консалтинг-фирми без спроведена јавна набавка, што довело до штета за буџетот од околу 1,5 милиони евра. Според обвинителството, Зеќири имал намера да обезбеди лична корист за трети лица, додека постапката целосно ги заобиколила процедурите за транспарентност и контрола.Коларевиќ исто така го води предметот поврзан со станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде се истражуваат сомнежи за систематски издавање на потврди за техничка исправност на возила без реална проверка. Предметот е отворен по неколку сообраќајни несреќи во кои се утврди дека возилата биле пуштени во сообраќај и покрај тоа што не ги исполнувале основните технички услови.Наташа Поп Трајкова, пак, е дел од обвинителскиот тим што изминативе години водеше предмети за злоупотреба на службена положба, поткуп и организирани шеми на измама во државни институции. Таа го води случајот “Адитив”.Поп Трајкова е дел од тимот на ОЈО-ГОКК од 2021 година, откако претходно работеше во обвинителствата во Струмица и Скопје.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања