Промени тема
Контакт

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I
Screenshot: X

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.

Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:

— реклама —

„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.

— реклама —

Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.

Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.

— реклама —

Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.

— реклама —

Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library74dnosa34qia8AvSSAR

(Видео) Киев под постојани напади, жителите велат: „Нормален живот повеќе не постои“

Свет | пред 5 минути

— реклама —
media-library26scnd66r9ta0NGDh9K

Почина 28-годишна Русинка, речиси 200 лица во изолација по сомнеж за белодробна чума

Свет | пред 5 часа

media-library3eg7v59cg1ijbGsuZf1

Русија погоди товарен брод кај Одеса: Еден морнар загина, тројца се повредени

Свет | пред 16 часа

media-library1aqpod5785q8dxozAus

Русија упати предупредување до странските дипломати во Украина: „Напуштете ја земјата“

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања