Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Научници открија неочекувана последица од тежок облик на ковид-19: Се активираат „заспани“ вируси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryessgl861p31p96d4lIO
Photo by Vitaly Gariev on Unsplash

Тешките форми на ковид-19 и постковидниот синдром можат да доведат до повторно активирање на различни вируси на херпес и други „заспани“ патогени во организмот, покажува истражување на научници од Детската болница во Бостон, во САД.

— реклама —

Според истражувачот Офер Леви, ова откритие е особено важно за подобро разбирање на постковидниот синдром, бидејќи милиони луѓе низ светот и натаму се соочуваат со неговите долгорочни последици.

— реклама —

Научниците објаснуваат дека кај многу луѓе во организмот постојат „заспани“ вируси кои имунолошкиот систем вообичаено ги држи под контрола. Меѓу нив се различни типови на вирусот херпес, цитомегаловирусот, вирусот Епштајн-Бар и одредени вируси од семејството Anelloviridae.

До овие заклучоци истражувачите дошле по анализа на околу 200.000 примероци од биолошки материјал земени од 1.150 пациенти лекувани во 20 медицински центри во САД. Во примероците од плунка и издишан воздух биле откриени РНК-фрагменти од повеќе „заспани“ вируси, кои повторно станале активни кај пациенти што прележале тежок облик на ковид-19.

— реклама —

Истражувањето покажало дека повисоката активност на овие вируси е поврзана со значително поголем ризик од развој на постковиден синдром и други хронични здравствени проблеми по закрепнувањето.

Научниците утврдиле и дека повторното активирање на вирусите најчесто го предизвикуваат силните воспалителни процеси за време на акутната фаза на инфекцијата и во првите недели по неа, што, според нив, укажува на потреба од дополнителни истражувања за врската меѓу системските воспаленија и хроничните вирусни инфекции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b1lmhjsgdj7bIgrSP7

Зошто прво ни се затнува едната, а потоа другата ноздра?

Вирално | пред 4 дена

— реклама —
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 1 седмица

media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 2 седмици

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања