Наумче Здравески од Охрид е најновиот во листата милионери на Државна видео лотарија на Република Македонија, откако освои добивка е вредна 1.640.646 денари.
Милионер Џек Пот добивката е освоена на 18.12.2018 година во „Спорт Лаиф Трејд“ во Охрид, а Наумче е добитник на наградата за месец декември.
– Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, тој го подигна добитниот Милионер Џек Пот, вреден 1.640.646 денари. Скромен, но и расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Пред Нова Година со неа, се менуваат и желбите и очекувањата од 2019. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде ја освои добивката, тоа и ќе се случи. Добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси, добивката да се случи токму на ова место. Најверојатно дел од парите ќе ги потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување, информираат од Државна Видеолотарија.
извор: faktor.mk