Во 2017 ветивме седум капитални проекти, денес, сите седум се или реализирани или во фаза на реализација, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на денешниот настан на кој даде отчет за сработеното во неговиот мандат.
Наумоски истакна дека за првпат во Волково се гради градинка, дека е изградена нова училишна спортска сала во ОУ Јоаким Крчовски, дека Ѓорче Петров добива затворен базен, прва скопска општина која воведе ново економично смарт ЛЕД осветлување и нов јавен простор Корзо, а на местото на дотраената барака на амбулантата во Дексион се поставува нов објект.
„Посветено за Ѓорче не е само обичен слоган, тоа е суштината на нашето дејствување во овие четири години.“ порача Наумоски.
„Изградивме и реконструиравме над 110 улици, поставвиме водоводи и канализациски системи. Изградивме и реконструиравме детски игралишта. Го проширивме патот кон Кучково, а во соработка со Град Скопје поставивме семафор на крстосницата пред училиштето Мирче Ацев се зголеми безбедноста на децата, беа реконструирани улиците Ѓорче Петров, 4 јули, во моментов се реконструира Лука Геров. Донесовме Урбанистички планови за Хром, Јурија и Веле Поле, следува носење на план за Дексион. Го спасивме Хром. Претходно секоја куќа беше потенцијална зграда, преку урбан развој на горниот дел, Хром повеќе нема да се менува, истакна Наумоски додавајќи дека четири години се вложувало подеднакво со цел да се намали јазот меѓу урбаниот и руралниот дел од општината.
„Конечно го решивме проблемот со вода во Никиштани, во Волково, Ново Село и Кисела Јабука асфалтиравме или поплочивме над 50 улици. Орман добива канализација“ заклучи Наумоски.