Наумовска: Заврши реконструкцијата на еден правец од булеварот Александар Македонски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
14-10-2020-Naumovska

— реклама —

Градската и локалната власт во Гази Баба, предводени од СДСМ секојдневно работат и завршуваат проекти во интерес на сите.

— реклама —

Имено, во процесот на инфраструктурната офанзива овој период со забрзана динамика го реконструиравме бул. Александар Македонски, источниот влез на градот Скопје, истакна Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

— реклама —

За само 30 дена реализирана е реконструкција во должина од 5,3 километри и истиот е пуштен целосно за сообраќај.

Во следниов период интензивно продолжуваме со работа на излезот од градот на овој булевар исто така во должина од повеќе од 5 километри со што ќе го заокружиме процесот на обнова на правците за влез и излез на кои не е работено повеќе од 40 години.

Нагласуваме дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експропријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните и граѓанките од Ченто и Маџари со остатокот од градот.

Почитувани, одговорно и посветено продолжуваме понатаму.  Го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните и секојдневно започнуваме и реализираме проекти кој се во интерес на секој граѓанин, истакна Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања