Наумовски се сликал во автобус за да личи на светски лидер, јавноста вели дека изгледа како кловн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
asdasdasd

Опис на слика: (Лева страна) Градоначалникот на Ѓорче Петров се сликал во автобус; (Десна страна) Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз

— реклама —

Додека европските лидери со години одат на работа со велосипед, јавен превоз и пешки, градоначалникот на општина Ѓорче Петров денес се качи во автобус, но веројатно само за да се фотографира. Наумовски под фотографијата на која позира напиша „Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“.

Герила акцијата која ја направи Наумовски според јавноста е смешна. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како може ова да се сфати како позитивен пример, кога Наумовски делува несериозно и позерски на фотошопираната фотографија. Јавноста се сомнева во тоа дека градоначалникот на Ѓорче Петров навистина се возел со јавен превоз, односно велат дека само се качил во автобус на ЈСП за да се фотографира и објави на социјалните мрежи.

— реклама —

Фотографиите на светските лидери објавени на социјалните мрежи се спонтано фотографирани од страна на патници, медиуми, минувачи, а тие не позираат, како што е случајот со Наумовски.

Погледнете дел од нив:

[caption id="attachment_22094" align="alignnone" width="599"] Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз[/caption]

[caption id="attachment_22095" align="alignnone" width="600"] Ада Колау, градоначалничка на Барселона, се вози во подземна железница.[/caption]

[caption id="attachment_22096" align="alignnone" width="398"] Марк Руте, премиер на Холандија, на работа оди со велосипед.[/caption]

[caption id="attachment_22097" align="alignnone" width="600"] Со велосипед на работа оди и градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармен.[/caption]

Наумовски во периодов е актуелен оти во буџетот предвидел повеќе пари за неговата плата. Во јавноста се правда дека тој нема да зема повеќе пари и дека буџетот е така искреиран во случај да се промени законот за плати. Според познавачите на оваа проблематика, теоријата на Наумовски не држи вода. Во ваков случај, Наумовски би требало да испроектира повеќе пари за капитални инвестиции, нови објекти, одржување на зелени површини, а не за повисока плата.

Јавноста се шегуваше на негова сметка, па пишува „Можеби е разочаран што нема да зема поголема плата, па почнал да се вози со јавен превоз да заштеди некој денар“, „Човече, ако овој се вози во автобус, ја никогаш повеќе нема да се качам“, „Добро што е со кловновиве од градоначалници, овој сигурно се сликал во автобус зошо така му кажале од ПР секторот и ја утнал работата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања