Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир, Израел возврати со жестоки критики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryh6k8ds2fjt5h4oMWrQL

Израелското Министерство за надворешни работи остро реагираше на доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2026 година на јужноафриканската правничка Наванетем „Нави“ Пилеј, обвинувајќи ја за политички мотивирана кампања против Израел.

„Ако постоеше награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилеј не само што ќе беше кандидатка, туку ќе беше и фаворитка“, објави израелското МНР на социјалната мрежа „Икс“.

— реклама —
— реклама —

Во реакцијата се наведува дека доделувањето на наградата не претставува признание за правдата, туку, според израелската страна, средство за легитимирање на омразата и предрасудите кон Израел.

Израелското министерство во соопштението го спомена и Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на нацистичка Германија, наведувајќи дека тој би аплаудирал по одлуката на Нобеловиот комитет.

— реклама —

Пилеј претседаваше со истражна комисија на Обединетите нации, која во 2025 година заклучи дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа. Израел ги отфрли овие обвинувања.

— реклама —

Нобеловиот комитет соопшти дека Пилеј ја добива наградата за нејзините напори за унапредување на мирот и меѓународното право. Таа е поранешна судијка на Меѓународниот кривичен суд и поранешна висока комесарка на ОН за човекови права.

Во текот на кариерата Пилеј работела и на случаи поврзани со геноцидот во Руанда и со апартхејдот во Јужна Африка. Наградата треба да ѝ биде врачена на церемонија во Осло на 10 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 4 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 6 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања