Наводните работни групи се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат. Истата погубна политика на Заев ја продолжува и пиунот Ковачевски. Наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија.

— реклама —

Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања