Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Не беа упатени кон Елина“: Сабаленка се огласи по навредливите зборови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Спорт
media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка јавно се извини поради навредливите зборови што ги изговори во налет на бес за време на мечот против Украинката Елина Свитолина на завршниот турнир.

— реклама —

Камерите ја забележаа Сабаленка во третиот сет како упатува вулгарни навреди, по што во јавноста се појавија реакции за нејзиното однесување. По мечот, кој заврши со победа на Свитолина, Белорусинката преку објава на Инстаграм потврди дека ги изговорила зборовите, но објасни дека тие не биле наменети за нејзината противничка.

— реклама —

„Сакам да разјаснам нешто во врска со мојот последен меч, за што се зборува на интернет. Мојот коментар не беше упатен кон Елина. Бев фрустрирана од мала група гледачи кои агресивно ги славеа моите грешки, па во тој момент реагирав импулсивно. Сепак, требаше поинаку да се справам со фрустрацијата и им се извинувам на сите што можеби ги навредив. Елина одигра одличен меч и ѝ посакувам сè најдобро во продолжението на турнирот“, напиша Сабаленка.

— реклама —

За Белорусинката ова е уште едно разочарување во сезоната. Неуспехот на завршниот турнир е еден од низата резултати поради кои го загуби првото место на ВТА-листата.

— реклама —

Сабаленка годинава освои само две титули – во Индијан Велс и Мајами. На следната ВТА-листа се очекува да падне за уште една позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryuneb6b9ntm7n7tZOoY8

(Видео) Сабаленка го прекина мечот на УС Опен поради мирис на марихуана од трибините

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj1jol2bhlihq8ouI1LO

(Видео) Првата тенисерка во светот привлече внимание во костим за капење

Вирално | пред 3 месеци

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Првата тенисерка во светот без проблеми се пласираше во третото коло во Торонто

Трендови | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања