„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Не е лошо човек да се извини, вели Силјановска по реакциите за министерката Кочоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
kocoska-siljanovska

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Ставот на претседателката е даден откако Кочоска одговараше на пратеничко прашање во Собранието, па на едно од излагањата и се обрати на пратеничката Славјанка Петровска. Таа и рече дека не може да зборува за мајките што имаат деца, оти нема деца.

— реклама —

Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Мислам дека тоа ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Минатата недела, тешки зборови се разменија во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања. Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.

„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, рече министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Screenshot-2025-02-28-at-14.26.33

Министерката Кочоска: Изразив жалење, немам намера да навредам, ова ќе помине

Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека немала намера никого да навреди од Собранието кога на пратеничката Славјанка Петровска и рече: „Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство“. Таа смета дека темата се држи во јавност за дефокус, иако повеќе јавни личности, жени, побараа извинување бидејќи се нашле засегнати.„Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. Немам намера никогаш да навредам никого. Ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине, а за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето, колку што можеме“, рече Димитриеска Кочоска.Таа смета дека СДСМ реагираат на ова за политички поени, по претходна координација.„За мене темата е затворена, се фокусирам на работата која треба да ја работам. Резултатите се јасни и видливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене. Секој збор може да се искриви, ама секој резултат останува во историјата“, додаде министерката.Таа додаде дека со месеци била предмет на лажни соопштенија.

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања