Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Не е прашање дали БЕГ испорачува, туку која е температурата во просториите дома, вели Кочоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

„Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме“, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „24 анализа“ на ТВ24 додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите.

— реклама —

Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.

„Тоа е така затоа што ТЕ-ТО кој произведува електрична енергија за цел месец јануари има договорено производство за периодот од понеделник до петок, а за сабота и недела нема производство. ТЕ-ТО е приватна фирма, работи за профит, тоа значи дека кога произведува струја има остатоци на топлинска енергија која ја предава, на БЕГ, односно во ситуацијата тоа е од понеделник до петок“, рече Димитриеска Кочоска.

— реклама —

Таа истакна дека прашањето е колку гас има затоа што очигледно не е доволен, и радијаторите кај граѓаните дома послабо греат.

„Финансиската состојба на БЕГ загрижува и ако не се во состојба да ги платат обврските тоа е алармантно и владата треба да разговара по ова прашање. Граѓаните ќе се доведат во тешка состојба дома, некои се греат со клима плус и дополнително ќе го оптовари тој систем, но и финансиите“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска додаде државата делува како да не знае што се случува на пазарот во Европа со електричната енергија и гасот.

„Значи прво за мене неприфатливо, неопростливо и чекам одговорност од некој за кој што парите ги префрлија на ЕЛЕМ и МЕПСО. И тука чекам еден ден одговорност од некој како дојде до таа состојба. Владата нели е одговорна. Ако е одговорна нека побара одговорност од овие компании и истите тие кои што неколку месеци пред избори вработуваа и сега дојдоа до ситуација да немаат пари и да чекаат пари од државата“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека е неодговорено и прашањето со банкарската гаранција. И се поставува прашањето што ако БЕГ не е во состојба да обезбеди банкарска гаранција. Дали тогаш Владата има друга алтернатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања