Не е точно дека ќе се узурпира и урбанизира шумското подрачје околу езерото Младост, тврди градоначалникот Колев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image-939

Изминатиот период во јавноста се пласираа бројни неточни информации од страна на советниците од Левица, поддржани од СДСМ, во врска со програмата за располагање на градежното земјиште на Езеро Младост. Имено, оваа точка беше првично поставена на дневен ред за седница на Совет, но по реакцијата на советниците истата ја повлеков со цел детална проверка на информациите, за што по консултација со службите денес беше повторно ставена на гласање, вели градоначалникот на Велес, Марко Колев.

— реклама —

„Транспарентноста и отчетноста кон граѓаните ќе бидат она по кое што ќе биде препознатлива мојата работа, па оттука чувствувам одговорност да се произнесам јавно за сите невистинити обвинувања. Имено, парцелите се предвидени за продажба согласно УП одобрен со одлука на Совет уште во 2007 година, врз основа на добиена согласност од Министерството за транспорт и врски, и се последните две парцели за хотели, една за мотел и три за камп, од вкупно 17 градежни парцели кои се објавуваат секоја година неуспешно.

— реклама —

Оваа програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Велес која сега советниците од СДСМ ја спорат, е истата програма која и самите ја гласале во периодот од 2018 до 2021 година, а за што сведочи и Службениот Гласник, достапен на јавноста на веб страната на Општината (линкови во продолжение на објавата). Евидентна е намерата на советниците од СДСМ за дефокус на јавноста со цел прибирање на политички поени и избегнување на сопствената одговорност за неуспешното водење на градот во изминатите години.

— реклама —

Во врска со реакциите на советниците од Левица за узурпација на зелениот појас околу Езерото Младост, неопходно е да се потенцира дека едната од парцелите се наоѓа на карпест предел, а другите две во делови каде што веќе има изградени или објекти во изградба, што може да се види и на скиците за ова градежно земјиште. Оттука, целосно е неточно тврдењето на советниците од Левица дека ќе се узурпира и урбанизира шумското подрачје околу езерото, напротив, зелениот појас останува целосно заштитен а купувачите на парцелите ќе имаат законска обврска за озеленување на минимум 20% од површината на истите.

Како градоначалник од исклучителна важност ми е соработка со сите засегнати страни поради што на оваа тема одржав средба со советниците од Левица, на која иако дојдовме до заеднички заклучок за обврската на Општината за поставување на оваа точка на дневен ред, продолжуваат да се служат со политичка манипулација. Напоменувам дека гласањето на оваа точка се однесува само на гласање на Програма за располагање со градежно земјиште.

Градот Велес и јас како Градоначалник се грижиме за целокупната добросостојба на граѓаните, економскиот развој на градот, вклучително и за зачувување и одржување на животната средина“, додава тој.

/272909092_145678251182806_2958063616302595351_n" rel="attachment wp-att-162233">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања