Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Не ги сака народот кочниците на Мицкоски, порача Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Важни, капитални проекти за Пробиштип, кандидатот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не може ниту да сонува, а не пак да понуди или реализира и тој како и другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да го слушаат Христијан Мицкоски и да нудат само враќање назад во темното минато, порача вечерва од Пробиштип“, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Знам јас каде се прават најдобрите акумулатори во државава, како што знаат и сите останати, во фабриката која е тука во вашата општина, тоа е милионска странска инвестиција. Ама знам и каде се прават најдобрите кочници, во белиот дворец во Центарот на Скопје. И тоа е милионска инвестиција ама изградена со наши народни пари. И покрај масовното производство на кочници, тие не можат да се пробијат на пазарот, веќе четири години народот не им ги купува. Ниту ќе го закочат напредокот, ниту ќе ја вратат државата назад за пак да ги крадат народните пари, за пак да изигруваат локални шерифи и паши и да не одговараат пред никого. Не сака народот кочници, не сака да кочи туку сака енергија сака да продолжи брзо напред, кон нови инвестиции, кон повисоки плати и пензии кон подобар квалитет на живот во секоја општина“, порача Заев.

— реклама —

Тој пред присутните додаде дека народот го бара „Најдоброто“, затоа што најдоброто и го заслужува.

— реклама —

„Најдоброто го носи СДСМ и Коалицијата, најдоброто за Пробиштип е под реден број 12!На 17 октомври одберете го најдоброто! Гласајте за број 12, гласајте за Драган Анастасов-Ладич за градоначалник! Гласајте за советничката листа предводена од Оливер Андовски! Број 12 за да продолжи развојот на Пробиштип, број 12 за да продолжи Најдоброто за Пробиштип!“, повика Заев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања