Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Не изрекол казна од 100 евра на возач за возило со истечена сообраќајна дозвола и не го исклучил од сообраќај, кривична за полициски службеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Љ., раководител на смена во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи „Север“.

— реклама —

Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Според МВР, на 27 јуни 2026 година, пријавениот одлучил да не му изрече на возач предвидена глоба од 100 евра во денарска противвредност. Исто така, не го исклучил возилото од сообраќај, со што му овозможил на возачот и понатаму да управува со него, иако претходно друг полициски службеник утврдил сообраќаен прекршок поради управување возило со сообраќајна дозвола чиј рок на важност бил истечен повеќе од 30 дена.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на А.Љ., како и за негово отстранување, односно суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 2 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања