Бројни политичари од СДСМ се простуваат од Горјан Тозија - Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм.
„Медо бе срце мое, другај мој легендо моја…. немам зборови да ја опишам тагата која ја чуствувам…. Почивај во мир, Скопје изгуби уште еден урбан лик… Нека ти е светол патот друже и чувајне од таму горе!!!“, напиша Замир Мехмети.
„Легендите никогаш не умираат, нели драг наш Медо? Затоа што сеќавањата на нив се вечни. Патувај пријателе и знај дека ни остави тага и празнина засекогаш!“, напиша Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.
„Не можам и не сакам да поверувам. Медо, ти беше легенда! Еден во милион! Фала ти за се“, напиша Коста Петров, ексдиректор на Фондот за иновации.
„Медо пријателе почивај во мир. Искрено и длабоко сочувство до семејството“, напиша Борис Георгиевсски, ексградоначалник на Гази Баба.
„Медо!!! Единствен! Почивај во мир друже мој..“, напиша Петре Шилегов, ексградоначалник на Скопје.
„А можевме уште многу да научиме од него и уште многу да направиме заедно. Слава му на големиот мајстор Горјан Медо Тозија“, напиша Марјан Забрчанец, вработен во Владата.