Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!“ – Здрава котлина утре најавува блокада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0un8h0k1klk17PAewJe

Активистите на „Здрава котлина“ најавуваат мирна блокада на три улици во Струмица како реакција на продолженото аерозагадување и недоволните мерки од надлежните. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да се залагаат за чист воздух и здрав град.

— реклама —

„По протестот и официјалното доставување на нашите барања, гледаме дека има почетна реакција од надлежните, но сè уште нема резултати за подобрување ниту пак има итни ефективни мерки против аерозагадувањето.

Принципот на вградување филтри на индустријата е суштински и нема да се двоумиме да блокираме индустриски капацитети кои работат без филтри. Закани и притисоци од газдите само ќе не мотивираат повеќе, а сите такви ќе бидат соодветно пријавени.

— реклама —

Ние сме спремни за војна со сите загадувачи, а народот нека одбере страна во таа војна!

Во исто време продолжуваат палењата на бакар, а во една ситуација деновиве дури и намерно ненајавено блокирање на улица Антон Панов, од двете страни со луѓе и возила, наменски со цел прикривање на оголување на огромна количина кабел за кој претпоставуваме дека ќе се распореди и гори овие денови.

Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!

Затоа, како граѓани кои бараат право на чист воздух и здрав живот, организираме мирна целосна блокада во трање од 2,5 часа на трите улици кај кружниот тек.

10 февруари 2026

13:00 - 15:30 часот

Кружен тек, кај Поштата

Сѐ додека немаме ефективно чист воздух, продолжуваме со нашите иницијативи, протести и блокади во градот и околината.

Низ годините се докажа дека јавниот притисок е најефикасно решение во Македонија за сите проблеми каде се бара решително преземање одговорност!

Дали си за чист воздух, во чист град?

Приклучи се и ти, кажи го твоето мислење!“ велат од Здрава котлина.

Блокадата беше закажана за денеска, но поради најавените временски услови и дожд, блокадата се презакажа за вторник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

361285046_558852816461666_4032598794548471189_n

Здрава Котлина: Претседателот на советот ја откажа седницата за рудникот без објаснување, па вербално нападна активистка

Македонија | пред 2 години

ilovica-1

Здрава Котлина до Груевски: Дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони

Коментари | пред 2 години

347583395_555306880149593_2946970226763882161_n

Здрава Котлина повика на протест: Рудникот на смртта Иловица-Штука е зло кое мора да биде запрено

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања