Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не може за секој еден сој да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки се додека не се влоши сутацијата.
„Ниту поради омикрон сојот, ниту поради било кој друг кој што евентуално би се нашол, треба да се прават некакви дополнителни рестрикции. Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата да воведуваме дополнитлни рестриктивни мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, понатаму овие мерки за да не се преполнуваат затворените простории, навистина се сосем доволни“, изјави Филипче