Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше вонредно обраќање до граѓаните на Македонија. Тој во своето обраќање посочи дека безбедносната состојба во земјата е стабилна, но и дека не очекува неизвесна година.
„Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Не очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Би сакал да ве уверам дека Владата одлбиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економијаи финансиската состојба на граѓаните.
Досега ние ако Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала. Нмеа присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1% од вкупните вредности.
Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехрамбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно продготвени и ќе одговориме соодветно“, вели Ковачевски.
Вонредно обраќање на Ковачевски: Безбедносната состојба во земјата е стабилна
Директен пренос од вонредното обраќање на премиерот на Македонија Димитар Ковачевски. Тој се обраќа од Владата без присуство на медиуми.„Сведоци сме на немили ниастани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат. Воената агресија на Русија против Украина е чин кој го осудуваме.Сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. Во овие турбилентни времиња сакам да ве известам дека безбедносната состојба во земјата е стаби
Македонија | пред 4 години