Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на дело и да се покажува, судиите и обвинителите заортачени со СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Впрочем, тоа е така, затоа што тие судии и обвинители се поставени директно од челниците на СДС и ДУИ кои, место за правда во Македонија, одработуваат за спас на криминалците од СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ со години во правосудниот систем си поставуваа судии и обвинители по нивна мерка, кои ќе работат во нивна корист, наместо за општото добро на државата и граѓаните. Поставените судии и обвинители ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки.

Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки.

— реклама —

Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДС и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните.

Не отворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.

— реклама —

Криминалните дејанија Артан Груби ги правел во период кога бил колега со Венко Филипче во истата влада на СДС и ДУИ и истите тие го узурпираа судството во државата.

На цела македонска јавност сега им е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон. И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДС и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали.

— реклама —

Сите знаат дека драмолетката и циркусот со Уставен суд е, исто така, режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост и дефокусирање на јавноста. Се што СДС и ДУИ прават и правеле во изминатиот период, е за да се спасат од одговорноста која им следи за сиот криминал направен изминатите години, и за тоа не бираат средства и ги користат дури и најсензитивните теми, како меѓуетничките односи.

Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања