Промени тема
Контакт

Не паничете: Вечерва во Скопје ќе одекнат 10 плотуни за Денот на независноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryndj2t69culr2eDwPsgY
Photo by Rafael Ishkhanyan on Unsplash

Во Скопје вечерва, 7 септември, ќе се слушнат артилериски истрели од касарната „Илинден“ во рамки на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Почесната артилериска стрелба ќе започне во 19 часот, кога единица на Артилерискиот баталјон на Армијата, со шест артилериски орудија, ќе испука вкупно 10 плотуни.

— реклама —

Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун од истите орудија. Поради тоа, граѓаните во делови од Скопје може да слушнат силни детонации во два одделни термина.

Од Армијата посочуваат дека станува збор за однапред најавена церемонијална активност, а не за вонреден или безбедносен настан. Почесната артилериска стрелба традиционално се организира во пресрет на државниот празник.

Македонија утре, 8 Септември, одбележува 35 години од референдумот од 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

— реклама —

Плотунот претставува истовремено истрелување од повеќе артилериски орудија, поради што звукот може да наликува на серија силни детонации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања