Не престануваат преписките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува а градоначалниците од нејзините редови ги игнорираат проблемите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги решава предизвиците со енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните. Со навремени и ефикасни мерки ангажирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, АД ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и топланата Скопје Север со што се надминува кризата со топлинска енергија. Околу 7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош за стопанството. Огромна е разликата помеѓу одговорното управување на СДСМ со институциите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното. Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација. Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас. Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро. Секој месец поминат со нив е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците“, обвинија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања