Подолго време не работи црвеното светло на семафорот за пешаци на раскрсницата кај „Сити мол“, на пешачкиот премин каде загина младата Викторија Николова од Радовиш. Жителите на Карпош го нотираат тоа и реагираат јавно преку социјалните мрежи. Ваквата нефункционалност на уредите за регулирање сообраќај, особено по страшната трагедија во која се изгуби човечки живот, за карпошани е покажување неодговорност кон пешаците.

„Големо "браво" за одговорните/надлежните за одржување на светлосната сигнализација. За пофалба. Да не чекаат нова несреќа да се случи“, е еден од коментарите.
Нотирањето на расипаното светло на семафорот тоаѓа еден ден откако на истото место се одржаа протести за поголема внимателност во сообраќајот, под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“.