Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Не се движете низ поплавените подрачја, не ја попречувајте механизацијата и алармирајте ако има нова опасност, вели градоначалникот на Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarytrjort3mva9k3yKMqH7

По обилните врнежи од дожд и наглото влошување на состојбата, Општина Кичево организирала координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот, информира градоначалникот Александар Јовановски.

— реклама —

Тој посочи дека на терен се ангажирани екипи и механизација, со активности насочени кон најкритичните точки во градот и околината. Се работи на расчистување на одводни правци и критични делници, отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот, како и чистење и пробивање канали и пропусти. Паралелно се врши испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.

Интервенциите се реализираат во директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица – Кичево. На лице место присутни се и командирот Филип Митрески, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и директорот Бојан Стојкоски, со цел навремено донесување одлуки и поефикасна распределба на ресурсите.

— реклама —

Општина Кичево упати апел до граѓаните да не се движат низ поплавени подрачја, да избегнуваат ризични делници и да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа. Воедно, се повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.

Од локалната самоуправа велат дека остануваат целосно ангажирани и дека активностите ќе продолжат сè додека состојбата целосно не се стабилизира, а јавноста редовно ќе биде информирана преку официјалните канали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 1 ден

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања