Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Не си голем маж ако тепаш жена, туку најголем лузер!“, вели Јанкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 минути -

Македонија
media-libraryno297aav7ecedY40NfX

„Не си голем маж ако тепаш жена, туку најголем лузер“, порача членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски, реагирајќи по нападот врз Сара во Охрид. Тој побара целосна истрага, утврдување на институционалната одговорност и конкретни мерки за спречување на насилството врз жените.

— реклама —

Јанкоски оценува дека последниот случај е уште еден сериозен аларм дека институциите не ја исполнуваат својата основна задача – да ги заштитат граѓаните.

Тој прашува колку предупредувања и пријави се потребни за надлежните конечно да преземат одговорност и посочува дека заштитата на жртвите мора да биде системска, а не само декларативна.

— реклама —

Од ЛДП потсетуваат дека со години бараат поефикасни механизми за заштита на жртвите, меѓу кои и воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, како начин за нивна контрола и навремено предупредување.

— реклама —

„Тепањето жени не те прави поголем маж, туку најголем лузер! Вистинската сила не се докажува со тупаници врз послабиот, туку со почит, љубов и заштита“, порача Јанкоски.

Тој нагласи дека насилството не е израз на машкост, туку на кукавичлук, и дека жените треба да живеат со достоинство, слобода и сигурност, а не во страв.

— реклама —

Јанкоски бара целосно расчистување на случајот во Охрид и одговорност за евентуалните пропусти, порачувајќи дека државата мора да биде заштитник на жените, а не нем набљудувач на нивното страдање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања