Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Не смееме да дозволиме Заев, Груби, Ден Дончев, Филипче, како порано, и покрај сомневањата за криминали, да шетаат слободно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

По апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со став дека партијата нема да толерира незаконски постапки и дека законот мора да важи за сите подеднакво.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да го истражат случајот. Нема да толерираме неправилности и одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист,“ стои во реакцијата на партијата.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека секој што ќе биде фатен во корупција или криминал и за кого ќе има докази, мора да одговара, без разлика на функцијата или политичката припадност.

— реклама —

„Не смееме да дозволиме општеството повторно да потоне во мрак, како порано, кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на нив, за кои има основани сомневања или пресуди за сторен криминал, слободно шетаа по улиците.“

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија апел до институциите – Обвинителството, МВР и Финансиската полиција – целосно да го истражат случајот и да постапат во согласност со законските процедури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања