Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

Адвокатката на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“, Ивана Коцевска, реагираше на новата истрага и повторното определување притвор за нејзиниот клиент, оценувајќи дека одлуката на Обвинителството била однапред подготвена.

Коцевска рече дека не е изненадена од одлуката, но дека е вознемирена од тоа што новата истрага е отворена непосредно пред истекот на законскиот рок во кој Јованов можеше да остане во притвор.

— реклама —

„Не сум изненадена, но сум вознемирена. Сметам дека ова е конструкција на Обвинителството, а одлуката за притвор, според мене, е однапред донесена“, изјави Коцевска.

— реклама —

Законскиот рок за притворот на Јованов истекува утре, по што тој требаше да биде пуштен од затвор. Сепак, со отворањето на новата истрага и новата одлука на судот, тој останува во притвор.

Новата истрага се однесува на сомневања за давање поткуп на вработен во Министерството за економија со цел Јованов да добие лиценца за работа, иако, според Обвинителството, бил свесен дека објектот не ги исполнува законските услови.

— реклама —

Адвокатката смета дека прашањата поврзани со лиценцата и исполнувањето на условите во објектот веќе се предмет на разгледување во постапката поврзана со трагедијата во „Пулс“.

— реклама —

„Овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во „Пулс“. Сметам дека под притисок на јавноста се отвора нова истрага, која претставува конструкција и измислица“, рече Коцевска.

Јованов денеска доби нов 30-дневен притвор, а утре треба да биде префрлен од Куманово во затворот во Шутка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 21 час

— реклама —
IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања