Не успеа планот за разрешување на Филипче кој го имаа ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce-venko

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, а ниту пак од Владата беа доставени нивните оставки.

— реклама —

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

— реклама —

– Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом да не учествуваме во циркусот кој премиерот Заев решил да го прави во овој период, рече Мицевски, кој истакна дека оставките штом стигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Парламентот.

— реклама —

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со нив и оти по излегувањето од салата многу од нив ќе му се јават да му се извинат.

– Она што сакавте да го направите е да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ситни политички поени, не ви помина. Колку да сакавте да изглумите, се покажа, рече Митревски, додавајќи дека опозицијата не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања