„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Не успеавме да стапиме во контакт со претставници од Градот“ - Младинскиот совет крена раце од кандидатурата на Скопје за евроспка младинска престолнина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_2111

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.

— реклама —

„До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата.

Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинската потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027.

— реклама —

Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации. За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.

Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање.

Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот“, се вели во соопштението на Националниот младински совет на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања