Промени тема
Контакт

Неделава две лица заболени со грип и КОВИД-19 истовремено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56097563

Во текот на 2-ра недела од 2022 година, во Република Македонија пријавени се 470 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, идентично како минатата недела.

Во текот на 2-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ кај 2 лица е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено.

— реклама —

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е зголемен 13 пати, а во споредба со бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) се регистрира намалување од 58,6%. Во однос на возрасната дистрибуција, 273 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 65 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 36 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

— реклама —

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.653. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 6,1 пати, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира намалување од 16,3%.

— реклама —

Најголем број на заболени лица се регистрирани на територијата на Дебар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања