Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нефункционални мерки, паднат систем Мој термин, стотици починати и илјадници заразени дневно е хаосот во здравствениот систем предводен од Сали и Ковачевски, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcinacija-moj-termin

„Здравствениот систем е во целосен колапс, само за 24 часа изминатото деноноќие во Македонија 21 лице го загубија својот живот и нови 1.254 новозаразени граѓани од КОВИД- 19. Додека здравствените власти преку социјалните мрежи се убедуваат кој да биде во нефункционалната Комисијата за заразни болести, секој ден имаме по илјадници новозаразени од КОВИД-19 и без никакви функционални мерки за спречување на ширењето на вирусот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„Без никакви мерки, граѓаните се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како што умеат.

Со денови се чека за тестирање од КОВИД-19, секој ден матичните лекари се жалат дека системот Мој термин паѓа и не можат да закажуваат прегледи за пациентите.

— реклама —

И во целиот овој хаос, министерството за здравство, како и владата на пиунот Ковачевски, решија да започне второто полугодие во образовниот систем, изложувајќи ги децата на ризик од заразување со КОВИД- 19.

— реклама —

Веднаш се потребни итни мерки за спречување на ширењето на новиот омикрон сој на КОВИД-19. Македонија се претвори во Вухан, само заради неспособноста како на претходниот министер за здравство Венко Филипче кој мислеше само на тендери и провизии, така и на новиот министер Беким Сали“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања