Промени тема
Контакт

Неизвесна трка во Центар: Герасимовски и Ивановска во борба за фотелјата, трет ќе биде Лабудовиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2025-08-26-at-19.28.27_4399b874

Изборната трка за Општина Центар се очекува да биде една од најатрактивните и најнеизвесните на локалните избори. За партиите, оваа општина отсекогаш била престижна позиција, па затоа засега се уште се тактизира со кандидатурите.

Сигурен кандидат од редовите на СДСМ е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, кој влегува во трка за уште еден мандат. Иако во партијата постои делумна поддршка за неговата кандидатура, не недостигаат и критики. Герасимовски пред четири години дојде на функцијата од директорската позиција во Државниот завод за индустриска сопственост, без претходно искуство во локалната самоуправа.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, пак, според информации, ќе го отстапи Центар на својот коалициски партнер ЗНАМ. Се очекува кандидат да биде Мирослав Лабудовиќ, актуелен заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини. Интересно е што Лабудовиќ доаѓа од редовите на СДСМ, што отвора можност трката да се претвори во дуел „СДСМ против СДСМ“. Во комбинација за оваа позиција биле и поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ и екс претседателката на Градската организација на СДСМ Софија Куновска, која, неофицијално, условила да настапи како независен кандидат со поддршка од партиите, но не и како нивни формален избор.

Големо внимание привлекува и кандидатурата на поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која ќе ја претставува платформата „Независни заедно“. Таа веќе добива поддршка од дел од интелектуалната јавност, кои сметаат дека нејзиното антикорупционерско досие може да биде клучен адут во трката. Сепак, објавувањето на нејзината кандидатура беше засенето од полициска постапка – и на денот на објавата ѝ беше врачена кривична пријава, потег кој предизвика бурни реакции и осуди во јавноста.

— реклама —

Левица сè уште не објавила со кој кандидат ќе настапи во Центар, а неизвесно е и позиционирањето на ЛДП. На претходните избори тие до последен момент решаваа дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат друг фаворит, па слично сценарио е можно и овојпат.

— реклама —

Аналитичарите сметаат дека во Центар најверојатно нема да биде избран градоначалник уште во првиот круг. Сепак, кои двајца кандидати ќе се најдат во вториот круг ќе биде јасно вечерта на 19 октомври, кога ќе се пресметаат силите на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања