Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија, објави Телма.
Работните групи на Владата и претставници на Беса се во постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа.