Промени тема
Контакт

Нелегално емитувал телевизиски канали, па доби кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
televizija

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“.

— реклама —

Пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис без да биде лиценциран оператор и не е содржан во регистар на даватели на вакви услуги со што постапил спротивно на чл.56 и чл.57 од Закон за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.

— реклама —

На 25.07.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три лап-топ компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело, односно на лап-топ комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТВ програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања