Нелоски: ФК Вардар е македонски бренд, не смее да се дозволи тој да згасне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vladimir06052021

— реклама —

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше претседателот на Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски кој се осврна на лошите политики на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и на негрижата на Шилегов во однос на ФК Вардар.

— реклама —

— реклама —

Нелоски потенцираше дека ФК Вардар е синоним за Скопје и Република Македонија. Тоа е спортски бренд кој под никакви услови не смее да се дозволи да згасне, напротив, треба да се издигне на пиедесталот каде што тој всушност и припаѓа. Игнорантскиот однос на власта во однос на ситуацијата во клуб е доказ за тоа дека оваа власт е ненародна и не го чувствуваат клубот како идентификациски код на скопјани, вели Нелоски.

"ФК Вардар е душата и срцето на Скопје. Скопјани и сите македонски граѓани се гордеат со Вардар и се идентификуваат во светот преку неговото постоење. Не е страшното дали Вардар ќе замине во втората лига, па ќе се врати во елитата, туку страшното е што градоначалникот нема ниту желба да помогне барем малку. Шилегов треба да го тргне своето его на страна и да се потруди да изнајде решение преку кое ќе се спаси клубот, а како најизгледна шанса е градот Скопје да биде новиот сопственик на клубот", додава Нелоски.

Нелоски додаде дека после октомври, кога градот Скопје ќе добие нов градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ФК Вардар ќе биде во сигурни раце и неговиот просперитет нема да биде под никаков сомнеж. Тоа нема да биде само спас за Вардар во дадениот момент, туку ќе биде нов проект и ново вложување во Вардар како спортски бренд кој со години треба да функционира без никаков проблем, објасни Нелоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања