Нелоски: Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што Шилегов и СДСМ го дозволуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
neloski25052021.jpg

Владимир Нелоски претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер вели дека мора да се стави ред на градежното дивеење кое што локалната власт и градоначалниците на СДСМ го дозволуваат во Град Скопје.

— реклама —

Нелоски истакна дека кога се гради тоа треба да се прави според долгорочен план, а градењето на згради треба да биде сразмерно со парковите и зеленилото, со градење на градинки и слично, се со цел да се задржи квалитетот на живот на граѓаните.

— реклама —

Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што во овој момент го има. Мора да се стави крај бидејќи на секој чекор никнуваат згради и треба да се направи некој план кој што долгорочно ќе се знае каде, што, колку и како ќе се гради. Ние во Скопје имаме една аверзија кон самата градба, но градот мора да се развива, а тоа пред се треба да биде плански направено, рече Нелоски.

— реклама —

Нелоски потенцираше дека моментално во Скопје никнуваат згради како наполитанки без да има план за водоводна мрежа без услови за градинка и дека ваквиот градежен хаос кој го дозволува Шилегов и градоначалниците на општините од страна на СДСМ мора да сопре.

— реклама —

Пред да се гради да видиме каде и колку има потреба од градинки, од водоводна мрежа. Ние во овој момент гледаме згради како никнуваат како наполитанки, значи 10 згради една до друга од 8 до 10 ката без терен за водоводна мрежа без да има услови за градинка и слично, објасни Нелоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања