Вицепремиерот Артан Груби е спроведен во истражниот затвор „Шутка“, каде што моментално се наоѓа, дознава „Скопје1“. Оттаму ќе биде изведен пред надлежното Обвинителство, по што обвинителот може да предложи и поблага мерка од веќе изречениот ефективен притвор.
Во зависност од предлогот, судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе го повика на сослушување и дали ќе ја измени мерката. Според досегашната пракса, во случаи кога осомничениот сам се враќа во државата и истрагата е завршена, можно е да се изречат и алтернативни мерки, како куќен притвор или други ограничувања, доколку се процени дека нема ризик од бегство или влијание врз постапката.
Груби ја напушти Македонија пешки со македонски пасош два дена пред поднесувањето на кривичната пријава против него. Иако бил ставен на „стоп-листа“, граничен полицаец му дозволил да ја напушти земјата. Повеќе од една година престојуваше во Косово, од каде што тврдеше дека има службени обврски и дека не бега од правдата.
По него беше распишана потерница, но наместо екстрадиција, тој сам се врати во земјава, по што беше приведен од граничната полиција и спроведен во „Шутка“ од страна на припадници на МВР.
Истрагата ја води Основното јавно обвинителство – Скопје. Груби е осомничен дека како раководител на владина седница одобрил барање на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала право самостојно да организира игри на среќа. Се гони за кривично дело „проневера во службата“.
Постапката против него започна по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на таканаречената „црна листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија поврзани со судијата Енвер Беџети и влијание врз предмети против поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.
Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ, честопати раководејќи со владините седници во отсуство на премиерот, а истовремено ја извршуваше и функцијата министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Нема да биде чудно Груби да биде и во куќен притвор, а моментално е во затворот Шутка
објавено пред 4 часа -
Македонија
Вицепремиерот Артан Груби е спроведен во истражниот затвор „Шутка“ и ќе биде изведен пред Обвинителството, кое може да предложи поблага мерка; судија ќе одлучи дали да ја измени, со можност за куќен притвор ако нема ризици. Тој ја напуштил Македонија пешки два дена пред кривичната пријава, иако бил на „стоп-листа“, престојувал над една година во Косово, а потоа сам се вратил и бил приведен. ОЈО Скопје го сомничи за „проневера во службата“ поврзана со одобрување набавка на ВЛТ-терминали за Државна лотарија. Случајот следи по ставањето на Груби на „црна листа“ на САД поради сомнежи за корупција и влијание врз предмети.
Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенцијаПоврзани содржини
СДСМ: Тетар во живо, нема ниту една камера за 5 тони дрога а има камери за Груби
Македонија | пред 29 минути
Панчевски: Очекувајте Груби за брзо да ја врзе машната
Коментари | пред 1 час
Трајкоска за апсењето на Груби: Ај сега да видиме што добила ДУИ
Коментари | пред 2 часа
(Видео) По три часа во затворот во Шутка, Артан Груби со комбе однесен на распит во Обвинителството
Настани | пред 2 часа