„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема да има говор на Мечкин Камен за 2 август, на манифестацијата ќе присуствува и Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto_PRSM-Pendarovski

Претседателот Пендаровски на 2 август по повод државниот празник Илинден, нема да оддржи говор на Мечкин Камен. но, не само Пендаровски, на Мечкин Камен нема да се обрати никој од политичарите. Наместо говор пред народот, од Пендаровски ќе има само кратко видео обраќање од две минути, порача претседателот на средба со новинарите.

— реклама —

– За што што служи говорот? Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување, Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од говори. – изјави Пендаровски.

Прославата ќе биде во 18 часот за да им се овозможи на поканетите да пристигнат од другите места во земјата, каде претходно тие треба да го одбележат празникот. Досега му потврдиле дека ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Поканете се и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на Левица, Димитар Апасиев, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, односно лидерите на сите парламентарни партии.

— реклама —

Според програмата за одбележување на Илинден во Крушево, актерот Никола Ристановски ќе го исчита Манифестот, предвиден е настап на „Танец“ и ќе имаат настап и Албанскиот ансамбл за ора и танци, Влатко Стефановски и Воениот оркестрар. На Мечкин Камен претседателот и гостите ќе влезат со почесниот батајлон на АРМ, каде ќе биде положено цвеќе. Пендаровски ќе има двеминутно видео обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања