Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Нема да има градба во Центар која нема да биде усогласена со ГУП-от, 20 % зеленило и паркинг во парцелата, тврди Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
viber_image_2021-10-15_11-46-36-848

„Имаме добра победничка програма која е составена од сите предлози, идеи со кои се соочуваат граѓаните во секоја урбана заедница, во секое маало, на секоја улица и нудиме решенија за истите“, изјави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во денешното гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ.

— реклама —

„На местото спроти Олимписки Базен каде што сега е изграден памтрак таму беше нацртан хотел. Значи наша цел, заложба моја ќе биде ревидирање на останатите ДУП-ови се со цел да го заштитиме Центар од бетонизација. Имало висококатници ќе ја намалиме катноста, имало хотели ќе гледаме да нацртаме нешто за јавно добро дали ќе биде зеленило, училишта, културен центар се во интерес на граѓаните. Наша цел и заложба е да ги ревидираме сите останати ДУП-ови се со цел да ослободиме што повеќе површина за граѓаните “ изјави Герасимовски во Слободна Тв.

Тој најави хумана урбанизација во општината преку намалување на градбите и што повеќе зеленило за јавно добро. За комплексната градба кај Холидеј ин Герасимовски рече дека околу 40% од земјиштето е државно и тој нема да дозволи ниту педа од тоа земјиште да се искористи за приватни цели или за бетонизација туку за јавно добро зелена површина, градинки или училишта.

— реклама —

Исто така Герасимовски беше дециден и најави дека во општина Центар нема да се дозволи градба која ќе отстапи од законите односно која нема да има предвидено 20% зеленило и паркинг простор во парцелата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања