Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Нема да има кафуле на Водно, вели Шилегов откако по четири години мандат се прошета на падините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-12

„Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментов се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцираше градоначаланикот Шилегов.

— реклама —

Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти којашто нуди неповторлив 20 минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) и граѓаните ќе можат да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.

„Денес местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со инспекторатот на Општина Центар осуети уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, кажа Шилегов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања