Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено оти се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски. Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба овој викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.
„Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа“, велат од Министерството за транспорт и врски.