Промени тема
Контакт

Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, зборуваат за правда а се противеа на Законот за ЈО и бранат криминал, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
271720567_384788290082758_7603782481458349357_n

„ВМРО-ДПМНЕ, како и Христијан Мицкоски остануваат лицемерни и зборуваат за корупција, за укинување на Јавното обвинителство, а од друга страна има еден куп обвиненија и пресуди против функционери од оваа партија.За потсетување ВМРО-ДПМНЕ, во очајните обиди да ги заштити криминалците во своите редови, жестоко се противеше на донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, кој го ослободи правосудството и создаде услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите“ вели СДСМ во реакцијата на прес-конфетенцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Причина за тоа се бројните судски процеси како Плацевите на Водно, Талир, Титаник, Тврдина Тенк...

— реклама —

Опозицијата во Белата палата не може да се помири дека времето на селективност и неказнивост, кога поединци беа над законите, именуваа судии од тефтерчето и диктираа пресуди по телефон е дефинитивно е завршено.

Сериозниот напредок во борбата против криминалот и корупцијата е потврден со најновиот индекс на корупцијата на Транспаренси Интернешенал, каде државата забележа скок од 24 места.

— реклама —

Најдобриот резултат во последните шест години е резултат кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.

— реклама —

Со барањата за укинување на ЈО ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека му пречи бескомпромисна и неселективна борба на институциите предводени од СДСМ против секаков вид на корупција и криминал“.

Лефков: ЈО треба да се укине - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања