Промени тема
Контакт

Нема ниту еден починат од медицинскиот персонал, 10 лица се извадени живи од огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-08-214258

Македонската јавност вечерва е шокирана од веста дека во пожар целосно е уништена модуларната ковид болница во Тетово, при што е потврдено дека засега 10 лица ги загубија животите во трагедијата, пишува Слободен печат.

Првиот повик дека има пожар во модуларната болница е добиен е во 21.02 часот во средата, по што противпожарната служба од Општина Тетово за три минути дошла на местото.

Веднаш е започнато со гаснењето и повикани се уште пожарникари. Како што потврдија од тетовската противпожарна бригада, на терен излегле над 30 пожарникари со 7 противпожарни возила.

Затекнале невиден пламен, а гаснењето траело меѓу 30 и 40 минути.

— реклама —

„Слободен печат“ од свои добро упатени извори дознава дека меѓу настраданите кои се извлечени од огнот потоа, нема медицински персонал, а од запалената болница се извлечени живи десетина лица.

— реклама —

Министерството за здравство потврди дека досега во пожарот во модуларната болница има 10 жртви, но можно е бројот на жртвите да биде меѓу 10 и 15 лица.

На местото на ужасната трагедија се уште трае увидот, ангажирани се тројца обвинители од Тетово и двајца од скопското јавно обвинителство, а распоредени се и припадници на ЕБР кои ќе го обезбедуваат просторот до обезбедување на сите докази.

— реклама —

Утре Советот на Општина Тетово ќе одржи вондредна седница на која се очекува да биде прогласен и Ден на жалост, а по утврдувањето на бројот на настраданите ќе следува и помош до нивните семејства.

Целиот текст можете да го прочитате на Слободен печат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања