„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема нови осомничени, a од телефоните, снимките и отисоците се доаѓа до одговори за убиствата на Вања и Панче

објавено пред 2 години -

Македонија
vanja-ubijci-osomniceni

Листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – ова се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Се утврдуваат траекториите на движење на сите осомничени, како за помагањето, така и за киднапирањето и убиството на двете жртви.

— реклама —

„Скопје1“ дознава дека снимките од надзорните камери, ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина - Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Базните станици кои ги ловат сигналите на телефоните, ќе треба само да бидат уште еден доказ за нивните тврдења поврзани со траекторијата на движење. Предмет на анализа се снимки од наздорни камери, кои беа одземени од страна на МВР при потрагата по Вања.

Според нашите извори, се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој му е одземен од полицијата. Целта е да се утврди точноста на исказот кој го кажаа осомничените, дека тој му кажал на осомничениот, организатор и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо, информација кога Вања го напушта домот.

— реклама —

За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец. Вчера беше изготвен и обдукциониот наод, кој освен начинот и времето на настанување на смртта кај Вања и Панче, ќе покажат и дали е најдена туѓа ДНК при обдукцијата.

Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања