„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема партија без мислење за пописот: Кој го призна, а кој не

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_2946

Немаше политичка партија која не реагираше за резултатите од пописот. На иста линија е и јавноста, како и експертите. Разликата е во тоа што едните го признаваат, другите го карактеризираат како лажен и фалсификуван. Владејачките партии апелираат да не се подгреваат меѓуетничките тензии во државата и пописот да не се претвори во политичка битка. ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ за некомплетен попис.

— реклама —

СДСМ: Не успеаја опструкциите на Мицкоски, имаме успешен и кредибилен попис

„Имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ и покрај сите опструкции на Мицкоски. Пропаднаа сите срамни обиди за бојкот и саботажа на оваа исклучително важна статистичка операција“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најавуваа бојкот при самото објавување на датумот на спроведување на пописот.

Истите тие бараа да се одложи пописот и иницираа петиција за собирање потписи против пописот. Мицкоски прв се потпиша.

Лично тој пишуваше писма до амбасадорите против пописот.

И покрај сите овие опструкции, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздравија Европската комисија и сите релевантни чинители“, се наведува во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ спроведоа некомплетен попис, по смената на власта ние ќе спроведеме комплетен електронски попис

„Власта на СДСМ и ДУИ спроведе некомплетен попис. Доказ за тоа е бројката од 7.2% или повеќе од 132.000 резидентни жители за кои што ДЗС покрај сите механизми не успеал да ја дефинира припадноста. Едноставно ДСЗ не сакал, а не дека не можел да утврди етничка припадност. Се работи за резидентни жители, од кои најголем дел се од Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Битола, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорноста за ваквата некомплетност е на ДСЗ и власта на СДСМ и ваквиот попис не смееше да се објавува додека не се дефинираше припадноста на секој резидентен жител. Овде не се работи за 1-2% или промили, туку се работи за неверојатни 7,2% од резидентното население.

И покрај многуте недоследности, пропусти и политизација од страна на властите кои претходеа на пописот и траеја во текот на процесот до објавувањето на некомплетните резултати, пописот покажува поразителни бројки. Повторуваме дека пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева.

По промената на власта и формирањето на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спроведен комплетен електронски попис по сите европски стандарди кој ќе биде веродостоен и кој ќе ги нема недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

„Уште еднаш оваа Влада покажа дека не е во состојба да направи ниту статистичка операција без крајно политизирање. Прво, како да се верува во попис чии резултати се објавуваат со фанфари пред целиот политички врв, во присуство на заинтересираните амбасадори? Тоа е “обична статистичка операција“, или повторно трговија со нашите интереси?“, велат од Глас за Македонија.

„Второ, како да се верува во попис каде бројот на вкупното резидентно попишано населенеие соодветствува на бројот во избирачкиот список? Немаме малолетни лица без право на глас?

Трето и најважно, албанските партии кои се сега презадоволни од резултатите, уште пред пописот лицитираа со проценти и јавно ги кажуваа своите желби, па така некои од нив јавно декларираа дека нема да ги признаат резултатите ако се Албанците под 25%, 30% итн.

Со тоа процесот беше веќе компромитиран однапред. Таквата недоверба натера бројно население да не верува во методологијата, која за многу стручни луѓе беше спорна.

Немаме ниту малку примисла дека оваа Влада која се држи на конец и зависи од милоста на ДУИ, не направила “штимања“ во полза на желбите на коалициониот партнер.

Глас за Македонија не ги признава ваквите резултати, кои беа лесно предвидливи. Глас за Македонија уште еднаш констатира дека имаме анти македонска власт“, соопшти Глас за Македонија.

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

„Партијата за движење на Турците (ТХП) од самиот почеток со будно око го следи процесот на попис. Задоволувачки факт е што после две декади Р. Северна Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики“, велат од ТХП.

„Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20%, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците. ТХП апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува.

ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини. Исто така очекуваме пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес“, се наведува во соопштението на ТХП.

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“, велат од Демократска Партија на Турците.

„Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање.

Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција.

Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас.

Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ.

Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна.

Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица.

Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„.

Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци.

Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција“, се наведува во соопштението.

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.

– Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Има многу фактори кои влијаеа да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл се вели в осоопштението од партијата.

Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања