Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нема ПЦР за тестирање на државно, тврди Лазаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lazarov

„Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: ‘да изгори епидемијата’. Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест? Молкот на фелата е недозволив“, напиша Лазаров.

Ваквата ситуација со задоцнето тестирање трае од август месец од кога нагло се зголемија случаите со ковид-19.

— реклама —

Според последниот билтен од Министерството за здравство објавен вчера, а се однесува на тестирањата во вторникот, направени се 3.149 тестови од кои преку Институтот за јавно здравје 299, преку Центарот за јавно здравје Скопје 64, преку ЦЈЗ Битола 61, преку ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 59, ЦЈЗ Куманово 48, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 1 тест, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ „8 Септември“ 0, Институт за микробиологија 174, Клиника „Жан Митрев“ 76, Авицена 141, Биотек 230, Систина 51, лабораторија Лаор 133, Синлаб 18, Ремедика 19, Плодност 29, Генеа 4, Никоб лаб 355, ВФВ Медикал 61, Ели Медика 36, Ројал Медика 12, Спектра-ММ 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.234 теста.

— реклама —

Лазаров посочи и на друг проблем поврзан со задоцнетото лекување, а тоа е немањето термини во поликлиниките за навремена крвна слика.

— реклама —

„Вчера, 6 октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анализи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22 октомври“, напиша Лазаров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања