Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот, вели Димитриевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maksim-dimitrievskio

Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во Занаетчиски дом, на свечената Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во РСМ.

— реклама —

– Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија, Светосавска академија, во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности – рече Димитриевски во обраќањето.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања