„Нема потреба да ја толкувам, неговата порака е јасна и важна“, вели Агелер за изјавата на сенаторот Марфи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230528161930

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, денеска од Кавадарци на отворениот ден организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“ не сакаше да даде свој коментар за ставот на сенаторот Крис Марфи, кој пред два дена од Скопје порача да се усвојат уставните измени, во спротивно неизгласувањето би претставувало загрижувачки чекор во односите меѓу Северна Македонија и САД. Таа кусо појасни дека неговата порака е јасна и важна.

— реклама —

- Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол... кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен, одговори Агелер на новинарското прашање.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања